Број на текстови објавени денес: 86

Патниот правец Маврово – Дебар и денес во прекин

se-gradi-ekspresniot-pat-veles-stip-11

На патниот правец Маврово – Дебар (Бошков мост – Косоврасти) и денеска од 12:00 до 16:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин поради асфалтирање.

Во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетните возила (брза помош, противпожарна и полиција).

Сообраќајот по другите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Потсетување за возачите дека на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.