Број на текстови објавени денес: 0

Партиските каравани официјално влегоа во кампања

miting

Денеска почнуваат кампањите на партиите за изборите во Македонија на 11 декември. ВМРО ДПМНЕ, традиционално кампањата ќе ја започне со митинг во Охрид. СДСМ годинава започнува во Прилеп, а партијата ДУИ која вчера ги претстави носителите на листите во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје официјалниот почеток на кампањата го има денеска во Липково, a ДПА од Студеничани. Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја почнува кампањата утре во Охрид. „Коалицијата за промени и правда“ пак стартува денеска во хотел „Континентал“ во Скопје.

По две одложувања на изборите, денеска конечно почнува изборната кампања за изборите на 11 декември. Изборите се дел од договорот од Пржино, и ако тие бидат фер и демократски треба да да го трасираат патот за излез од кризата. Меѓународната заедница веќе порача дека за да се стабилизира состојбата новата влада ќе мора да се реализира приоритетните реформи кои произлегоа од извештајот на Прибе, како и СЈО до крај да ја расветли аферата со прислушувањето.

Овие избори првпат ги организира техничка влада на чело со премиерот Емил Димитриев во која свои министри и дополнителни заменици министри има и СДСМ. И власта и опозицијата во овие избори влегуваат со надеж дека ќе остварат победа и ќе ја состават идната влада.

Изборната кампања завршува на 9 декември на полноќ.