Број на текстови објавени денес: 62

Партиите ќе потпишат Кодекс за превенција од насилство на изборите

%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0

Политичките партии денеска, иако беше најавено, не го потпишаа Кодексот за превенција од насилство, во рамки на проектот за Превенција за време на избори 2016.

Раководителот на пректот, Нелко Нелковски, вели дека било деоговорено партиите да го потпишат Кодексот, но побарале тој да им биде доставен на разгледување и потпишување.

– Нивното образложение беше дека денеска е последен ден за пријавување на кандидатски листи за пратеници и немаат време да го потпишат – изјави Нелковски за МИА.

Претставникот на Министерството за внатрешни работи на денешната прес-конференција изјави дека се уште не се знае бројот на полицајци кои ќе работат на обезбедување на декемвриските избори бидејќи се уште се прави проценка.

Според членот на ДИК од ДУИ Субхи Јакупи, сите политички партии треба да работат на превенирање на насилството на изборите. Тој смета дека најголемите злоупотреби и насилства се случуваат на самиот ден на изборите.