Број на текстови објавени денес: 60

Парк со 400 садници на местото на запуштената површина кај поранешното КТК

%d0%be%d1%861

Просторот на поранешното КТК на подножјето на Водно, под црквата „Св. Јован“ во населбата Капиштец, доби нов изглед и парк.

„Наместо запуштена јавна површина, обрасната со диви дрвја и грмушки, општина Центар спроведе проект за хортикултурно
уредување.  Локацијата на новиот парк е со површина од 640 м2. Засадени се ололу 400 зимзелени и листопадни садници, од кои 15 листопадни дрвја, останатите се зимзелени и листопадни садници и грмушки. Листопадните дрвја, како Албиција, имаат специфичен розов цвет во форма на паун, цветна слива и гледичија со жолти листови. Дел од садниците цветаат и ја менуваат бојата, со што даваат колоритна слика на пејсажот“, се наведува во соопштението од Општина Центар.