Број на текстови објавени денес: 0

Папата и Скорсезе разговараа за филмот „Тишина“ и си разменија подароци

foto25

Популарниот режисер Мартин Скорсезе се сретнал со Папата во Ватикан. На средбата разговарале за последниот филм на режисерот, „Тишина“.

Филмот „Тишина“ зборува за језуитски мисионери во Јапонија во 17-от век. Во филмот глумат Адам Драјвер, Ендрју Гарфилд и Лиам Нисон. Во 1988 година Католичката црква филмот „Последното искушение на Христос“ на Скорсезе го сметала за „морално навредлив“. Сега, новиот филм на режисерот е прикажан во Ватикан заради што се смета дека Црквата го надминала својот став во однос на Скорсезе.

Режисерот и неговото семејство имале кратка средба со Папата, при што разговарале и за романот на јапонскиот писател Шушак Ендо од 1966 година, според кој е работен филмот „Тишина“.

Скорсезе и Папата си размениле и подароци. Режисерот на Папата му подарил две слики, додека Папата на своите гости им дал молитвениа бројаници.