Број на текстови објавени денес: 18

ПАВЛ БОГОЕВСКИ -Во меѓувреме, имаме режим за буткање.

14590352_10210091235060456_5129601233997884868_n

Би сакал да повторам нешто што кажав кога прв пат бев прашан за можноста за кандидирање на граѓански активисти на парламентарните избори:

Ќе го поддржам секој напор кој е во насока на уривање на овој криминален режим и ќе соработувам со сите кои се доволно храбри да се вклучат во таа битка. Дополнување: Без разлика кога ќе решат да се вклучат во битката.

Шарената Револуција ја поддржаа сите политички партии кои не беа дел од власта на ДПМНЕ и ДУИ. По многу прашања, ние имавмеспротивставено мислење едни со други и со дел од тие партии и нивните членови. Но, целта на сите ни беше иста и сите ги тргнавме разликите на страна. Затоа имавме успех.

Идеолошката матрица врз која се формираше широката коалиција предводена од СДСМ е Планот за живот. Тој документ е изработен врз основа на долги и темелни консултации со невладиниот сектор, со граѓаните и врз основа на препораките на меѓународната заедница. Како таков, Планот за живот е олицетворение на една прогресивна политика конструктирана врз основа на современиот концепт на човекови слободи и права.

Доколку некој субјект во коалицијата или некој човек на кандидатските листи има политики и ставови спротивни на овој концепт, тогаш тие разлики детално ќе бидат дебатирани во Собранието. Во овој момент, на мене ми е важно само дека сите имаме иста цел и дека сме подготвени повторно да ги тргнеме разликите на страна.

Во меѓувреме, имаме режим за буткање.