Број на текстови објавени денес: 50

Павлопулос до Обама: Македонија бара име кое подразбира промена на границите

obama-na-govornica2

Македонија била една од темите за кои разговарале американскиот претседател Барак Обама и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Грчкиот претседател пред Обама ги повторил своите ставови и обвинувања кон македонската влада, критикувајќи за ја обид за присвојување на грчката историја.

– Факт е дека една соседна држава бара име кое освен фалсификување на историјата, шири иредентизам и директно подразбира промена на границите и ја поткопува европската перспектива на таа земја – истакнал Павлопулос.

Барак Обама не одговорил на овој став на Павлопулос, туку се фокусирал на бегалската криза и на придонесот на Грција во НАТО, како еден од највредните сојузници за одржување на безбедноста во регионот.

Обама и Павлопулос разговарале и за кипарското прашање, грчко-турските односи и за бегалската криза.

 

Извор: МЕТА