Број на текстови објавени денес: 46

Отруена во психијатриска болница: Убиена некогаш најбогатата жена во СССР? ФОТО

cx4c2h-ukaapyhn

Средна Азија се затресе. Низ Ташкент се пренесуваат разни гласини. Средноазискиот портал „Центар 1“, со седиште во Берлин, објави вознемирувачка вест – поранешната „принцеза на Узбекистан“, 44-годишната Гулнара Каримова е отруена! Ќерката на неодамна починатиот узбекистански диктатор Ислам Каримов, Гулнара Каримов, наводно починала од труење во една психијатриска болница во која престојувала изминатите неколку месеци.

Некогаш најмоќната жена на Азија по три години заробеништво, молчење и игнорирање можеби сосема е избришана од меморијата на таа голема, моќна и богата пустинска држава на бившиот СССР. Гулнара Каримова три години се наоѓала во златно заробеништво, во изолирана кула во Ташкент, каде што била отсечена од светот, без интернет и профил на Твитер, за кој сега порталот „Центар 1“ тврди дека, всушност, е – лажен.

Гулнара влегла во конфликт со моќниот шеф на тајната служба на нејзиниот татко, Рустам Инојатов. Тој му ја „наполнил“ главата на нејзиниот татко дека Гулнара подготува пуч. Ислам Каримов не им поверувал на преколнувањата на ќерката дека тоа е местенка, застанал на страна на Инојатов и Гулнара преку ноќ исчезнала, а нова миленичка на Ислам станала помладата ќерка Лола која со години била во кавга со постарата сестра. Гулнара го имала светот на дланка, а потоа изгубила сè!

Други тврдат дека во психијатриската болница ја сместил тогашниот претседател на Узбекистан, Шавкат Мирзјоев, бидејќи успеал да докаже дека убавицата е ментално болна, иако за тоа немало никакви назнаки. Кружеле гласини и дека е во домашен притвор или дека живеее во егзил во Израел. Исто така, не ѝ било дозволено да присуствува на погребот на татко ѝ во септември.

Поедини азиски медиуми ја пренесоа веста дека Гулнара починала во Ташкент на 5 ноември, а како што наведуваат изворите, претседателот се погрижил за погребот. Нејзините деца, синот и ќерката, практично се препуштени сами на себе.

Иако сè уште никој не издал официјално соопштение со коешто се потврдува нејзината смрт. Колку целата ситуација е сложена сведочи и приказната на еден активист кој тврди дека Гулнара е жива и дека е исклучително загрижен што медиумите пренесуваат гласини.

Гулнара завршила студии на Харвард, била најбогатата наследничка од сите бивши советски земји. Имала богата кариера – била поп-ѕвезда, манекенка, моден креатор, политички аналитичар, но и дипломат…