Број на текстови објавени денес: 0

Откриен „Светиот грал“ на генетиката

%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bb

Научници открија нов начин на менување на човековата ДНК, што би можело да бвиде од помош да се поправаат оштетени гени во мозокот, да се лекуваат болести кои сега се сметаат за неизлечиви, па можеби и да се продолжи човечкиот живот.

Откритието, опишано како „Светиот грал“ на генетиката, овозможило враќање на видот кај глувци што биле слепи, т.е. имале пигментен ретинитис, оштетување што се појавува и кај човекот. До сега, не било можно да се измени ДНК во ткиво на око, мозок, срце и црн дроб.

Тимот на професорот Хуан Арлос Изписуа Белмонте од Институтот Салк во САД успеал да модификува ДНК во неделиви клетки. Техниката, позната како ХИТИ (HITI) е заснована на ЦРИСПР (CRISPR) техниката, која служи како еден вид молекуларни ножици со чија помош може да се сече и менува човековиот геном.

„Многу сме возбудени што ја откривме оваа технологија, бидејќи ова е нешто што претходно не можеше да се направи“, изјавил професорот Белмонте.