Број на текстови објавени денес: 62

Откриени најголеми резерви на нафта во САД

%d0%bd%d0%b0%d1%84%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b42

Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека во Тексас неговите експерти откриле една од најголемите резерви на нафта најдени откако постои ова тело.

Во соопштението е наведено дека еколошката формација на подрачјето на Мидленд во западен Тексас, содржи околу 20 милијарди барели нафта поволна за експлоатација, 1,6 милијарди барели природен гас во течна состојба и уште 16.000 милијарди кубни метри во гасна состојба.

Експертите наведоа дека тоа откритие речиси е три пати поголемо од резервите на нафта најдени во 2013 година во Дакота и Монтана.