Број на текстови објавени денес: 2

Отказ за шарената револуционерка, подофицерка Дуриќ

%d0%b4%d1%83%d1%80%d0%b8%d1%9c

Јасмина Дуриќ, подофицерката  која на јавноста и стана позната како активистка на „Шарената револуција”, доби отказ од Министерството за одбрана.

Во изјава за 24 Вести, вели дека отказот официјално не го добила на домашна адреса, но нема плата, ниту социјално и здравствено осигурување, иако неколку месеци била на боледување.

Дуриќ, како што вели  е сигурна дека причина за отказот е нејзината отворена поддршка и учество во протестите на „Шарената револуција“.

Пред неколку месеци таа бече прераспределена на местото командир на магацин за храна во казарната во Кичево. Пред тоа работеше како референт за логистика во Министерството за одбрана во Скопје.

Дуриќ  правдата ќе ја бара на суд.