Број на текстови објавени денес: 18

Орландо Блум ја „шутна“ Кејти Пери

bisikan-seksi-orlando-bloom-ke-telinga-katy-perry-csf

Орландо Блум и Кејти Пери ставија точка на емотивната врска долга десет месеци.

Славниот актер на пријателите им објаснил поради што раскинал со познатата пејачка.

– Орландо уште на празникот „Ноќта на вештерките“ им рекол на пријателите дека е време да раскине со Кејти и како причина го навел фактот дека не сака уште деца и втор брак. Од друга страна, Кејти очајнички сака повторно да се омажи – рекол извор близок на двојката.

Кејти Пери и Орландо Блум беа во врска нешто помалку од една година, а двајцата имаат по еден пропаднат брак зад себе. Кејти беше во брак со британскиот актер Расел Бренд, додека Орландо беше во брак со австралиската манекенка Миранда Кер со која го има синот Флин.