Број на текстови објавени денес: 46

Општина Центар поднесе кривична против претседателот на Кривичен суд

pancevskizgrada1

Општина Центар денеска поднесе кривична пријава против три лица за вршење на градежни работи спротивни на основниот проект и дозвола добиени од општината.
„Лицата В.П., С.П. и Е.Т., во текот на месеците јули, август и септември, како соизвршители – инвеститори, надградиле два ката на постоечка зграда на ул. Никола Вапцаров бр. 6 со вкупна бруто површина од 551,86 м2, за кои инспекциските служби утврдиле дека се дивоградба.
На 20.10.2016 година, овластениот градежен инспектор на општина Центар утврдил дека спротивно на проектот, кој дозволува само реконструкција и адаптација на објекти, инвеститорите подигнале надградба за која немале одобрение од општината. Општината два пати ги покани инвеститорите на средба, еднаш при надзорот со писмена покана и вториот пат на 20.10.2016 телефонски, на што инвеститорите не се одзваа.
Согласно законските прописи, општината достави барање за отстранување на третиот и четвртиот кат во рок од три дена. Со надградбата, осоминчените како соизвршители сториле кривично дело „бесправно градење“ според член 244а од Кривичниот Законик“, се наведува во соопштението.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на 2 ноември потпиша барањето за присилно уривање на доградбата во строгиот центар на градот,  по што Панчевски сам почпна да ја урива.