Број на текстови објавени денес: 70

Опра Винфри ја сврте плочата: Сега го поддржува Трамп!

article-0-210dcf4400000578-230_634x477

Опра Винфри е една од првите славни личности кои застанаа зад Хилари Клинтон на претседателските избори, но тоа не ја спречило да пружи зборови на поддршка на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

– Сфати дека тежината на светот е на неговиот грб, го почувствував тоа во неговиот „говор на телото“ додека зборуваше – рекла славната водителка.

Кралицата на ток-шоуата Опра Винфри во едно интервју рекла дека „надежта и понатаму е жива“.

Опра со ова ја промени плочата, бидејќи Трамп порано жестоко го критикуваше дека е „несвесен за борбата во којато се впушти“ и дека е демагог.

Сепак, по неговата победа беше една од првите следбеници на Хилари Клинтон која му посака среќа на Трамп.

– Америка го кажа своето. Кога го видов Обама и него заедно, видов двајца претседатели во Белата куќа и тоа ми даде надеж. Да го слушнеш Трамп како вели дека почитува сè што Обама направил за оваа земја е навистина прекрасно искуство – заклучила таа.