Број на текстови објавени денес: 0

Опозициските партии вечерва потпишаа договор за настап на изборите

%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b53

Вечерва во просториите на СДСМ е потпишан договор помеѓу партнерите на опозициската коалиција, која ќе настапи на изборите на 11 декември, објави лидерот на ЛДП, Горан Милеевски на својот Фејсбук профил.

Изненадување е присуството на Драгиша Милетиќ, лидерот на Српската напредна странка во Македонија, која беше во коалиција со ГРОМ на Стевчо Јакимовски.

Плусинфо дознава дека Милетиќ не барал никакво место на листите, туку едноставно сакал да му се одмазди на Јакимовски, кој наводно го изиграл.