Број на текстови објавени денес: 0

Оперската претстава „Евгениј Онегин“ во петок во МОБ

%d0%be%d0%bd%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d0%bd

Оперската претстава „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски ќе се одржи во петок во 20 часот, во Македонската опера и балет.

Со оваа претстава беа отворени овогодинешните „Мајски оперски вечери“. Претставата наиде на одличен одѕив како кај публиката, исто така и кај стручната критика. Љубителите на оперската музика повторно ќе имаат можност да уживаат во ова врвно оперско дело, чие што либрето базира на познатата истоимена поема на А.С.Пушкин. Диригент ќа биде Иван Еминовиќ, режијата е на Дејан Пројковски, сценограф: Валентин Светозарев, костимограф: Марија Пупучевска, кореограф: Олга Панго.

Настапуваат: Ларина: Марика Поповиќ, Татјана: Сандра Митровска, Олга: Ирена Кавкалевска, Филипјевна: Елена Тасевска, Ленски: Дарко Нешовски, Евгениј Онегин: Борис Трајанов, Кнез Гремин: Игор Дурловски, Капетан: Диме Петров, Зарецки: Борко Биџовски.