Број на текстови објавени денес: 0

Омаж во чест на Анте Поповски

%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%b7

Омаж по повод 85 годишнината од раѓањето на современиот македонски поет, академик Анте Поповски, ќе се одрќи во четврток во 19.30 часот во фоајето на хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Станува збор за мултимедијален настан кој ќе биде отворен со песна во интерпретација на самиот автор, a ќе биде проектиран и кус сегмент од документарниот филм – портрет на авторот, реализиран од МТВ.

За творештвото на Анте Поповски на Омажот ќе беседат проф. д-р Кристина Николовска и проф. д-р Венко Андоновски, по што ќе прозвучи и избор од неговата поезија.

На долгогодишните взаемни релации, соработката и пријателството со поетот, пред присутните ќе се потсетат Љупчо Арсовски, дипломат од кариера и поранешен амбасадор на Република Македонија во Грција и во Романија, доајенот на македонското новинарство, Ерол Ризаов и Страшо Ангеловски, директор на “Прифатниот центар за баратели на азил“.

Хуманистот Живко Поповски Цветин, во чест на поетот ќе има ликовен перформанс.

Во рамките на одбележувањето на јубилејната годишнина од раѓањето на Поповски, досега се одржаа неколку настани.