Број на текстови објавени денес: 0

ОД МИНУТА ВО МИНУТА Главните пораки од митингот на СДСМ во Берово

zz1

Од минута во минута, ова се главните пораки од митингот на СДСМ во Берово:

• Драган Аговски, дипломиран криминалист, невработен:

– Оваа криминална власт ја осиромаши цела Македонија.

– Јас сум решен и мене никој нема да ме спречи да го кренам својот глас.

– Овој план ветува дека ќе живееме подобро и дека ќе се вработуваме со дипломи и искуство, а не со партиски книшки.

• Јагода Шахпаска:

– Станавме град на невработени и пензионери.

– Најголема смртност на новороденчиња има во Берово.

– Денес садат дрва, ноќе крадат.

– Нека дојде Груевски во Малешевијата и нека им каже на земјоделците зошто килограм компир се откупува по мизерни 10 денари, а литар млеко по 16 денари!

– Има пари за фасади, за споменици, за палми, ама нема за лекови и за инсулин.

– Време е да ставиме крај на овој режим!

– Главниот стожер на нашата програма е како младите да ги вратиме во државата.

– Го гарантираме откупот на се што ќе произведат земјоделците.

– Воведуваме бесплатно здравство за секој граѓанин.

– Ќе ја укинеме радиодифузната такса.

– Ние ќе трошиме домачински, нема да крадеме.

– На 11 декември победуваме! Бидете храбри како што доликува на Малешевци низ историјата!

• Љупчо Николовски:

– За десет дена имаме заедничка шанса со гласот за животот да се избориме за живот во Македонија.

– Наместо да бараме живот во странство, ќе имаме добар живот тука во Македонија.

– Имаме чесен човек, искрен човек, човек со големо срце, храбар, решителен, одлучен лидер којшто ќе го реализира овој План за Македонија. Тој ќе ја води Македонија, тој ќе го врати животот!

– Повисоки плати ќе има за сите во Македонија.

– Ќе ги поддржиме домашните, македонски фирми, со 140 милиони евра директни инвестиции.

– Парите назад кон граѓаните!

– Во секое семејство ќе влегува по уште една плата преку системот на враќање на ДДВ. Тринаесетта плата назад во секое семејство!

– Ќе растат и пензиите, а ќе има државна национална пензија за секој оној што има 65 години, а нема услови да оствари право на пензија.

– Криминално стекнатиот имот ќе се врати на граѓаните.

– Изборот е помеѓу скромност и работливост и забеганост.

– Почитувани од другата страна, изборот го имате и вие – ви ветуваме дека ништо нема да ви фали, ајде заедно да се избориме за животот во Македонија.

• Зоран Заев: