Број на текстови објавени денес: 49

Од денеска нова алатка на МОСТ за пријавување изборни нерегуларности

%d0%bc%d0%be%d1%81%d1%823

Во функција на спроведување фер и слободни избори во Република Македонија, Граѓанската асоцијација МОСТ креираше уште една алатка со која ќе им овозможи и олесни на граѓаните да пријават нерегуларности за време на изборниот процес.

Од денеска е активна платформата http://neregularnosti.most.org.mk/ преку која секој граѓанин ќе може самостојно да пријави притисоци, инциденти, проблеми со Избирачкиот список, говор на омраза и други останати прекршоци поврзани со изборниот процес.

Преку оваа платформа, МОСТ истовремено ќе ги следи и евидентира и објавите по социјалните медиуми на кои ќе бидат регистрирани нерегуларности, и тоа преку: #избори2016 #нерегуларности #СеПоСписок #фантоми.

Дополнително, доколку самите граѓани не се во можност самостојно да ги внесат овие нерегуларности преку интернет платформата, покрај бесплатната телефонска линија 080 080 080, МОСТ креираше и посебна меил адреса за пријавување на нерегуларности: neregularnosti@most.org.mk