Број на текстови објавени денес: 70

Одложено е судењето на Павле Богоевски, вештачењето не било проучено

pavle-bogoevski-pred-sud

Повторно е одложен судскиот процес против Павле Богоевски, активист на Шарената револуција, кој е обвинет од ОЈО дека ј обоил зградата на Министерството за култура во текот на протстите.

Минатиот месец процесот беше одложен затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура.

Богоевски е обвинет за кривично дело за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Тој на минатото рочиште рече дека се изјаснил за невин, дека бил дел од групата што Зврлевски ја нарекува толпа, но дека не признава вина.