Број на текстови објавени денес: 60

Ова се добитниците на наградите „13 Ноември“

dodeluvanje-nagradi-13-noemvri-2016-6

Во Македонската опера и балет синоќа беа доделени наградите „13 Неомври“ по повод одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември.

Добитници на Наградата „ 13 Ноември“ на Град Скопје, за 2016 година се:

Од областа на науката:

1. МИХАИЛ ГАРЕВСКИ, универзитетски професор, за значајни остварувања во областа на науката, образованието и градежното конструктерство

2. АСЛАН ХАМИЛИ, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“- Скопје, за значајни континуирани остварувања во науката и образованието.

Од областа на образованието и воспитанието

1.ТОМИСЛАВ ДИМИШКОВСКИ, професор во пензија, за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието.

Од областа на културата

1.АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ, писател за деца и млади, за значајни долгогодишни остварување во областа на културата и уметноста.

Од областа на уметноста:

1.МУШЕРЕФ ЛОЗАНА ПРЕКИЌ, актерка во пензија, за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје.

2.ЛЕТКА ПОЛИЗОВА ДИМОВСКА, хорски диригент, за 40-годишна професорска работа како диригент на женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“

Од областа на публицистиката и архитектурата

1. ВАНГЕЛ БОЖИНОВСКИ, архитетект, за долгогодишни истражувања, популаризирање и развој на град Скопје и за архитектонско креирање на повеќе значајни објекти.

Од областа на хуманитарната активност

1.АЛМИНА АЛИЛОВИЌ, студентка, за покажана хуманост и спасување човечки живот.

За ученици и студенти

1.ЕВА КАРАМАНОВСКА, ученик во ООУ „Рајко Жинзифов“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннатавните активности.

2.МАРКО НАУМОВСКИ, ученик во СУГС„д-р Панче Караѓозов“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.

Во рамки на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на МОБ, беше отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“, а по доделувањето на наградите, во чест на добитниците и по повод празникот на Скопје, наспат имаа хорот „Св. Злата Мегленска“, а потоа се одржа оперетата „Глорија“.