Број на текстови објавени денес: 70

Ова е најкраткиот тест за интелигенција на светот, со само три прашања!

brain-770044_640

Професионалните и аматерските тестови за интелигенција се неретко популарни меѓу корисниците на интернет, бидејќи пружаат можност да го споредите својот резултат со другите луѓе.

Исто така, таквите тестови ви покажуваат дали вашиот коефициент на интелигенција е просечен или под (над) просекот.

Когнитивниот тест е опишан како најкраток тест за интелигенција, бидејќи се состои од само три прашање, пишува Н1.

Овој тест ја одразува вашата способност да  спознаете дека наједноставниот проблем може да биде многу потежок за решавање отколку што се чини. Колку што побрзо ги решите, се стекнува впечаток дека сте поинтелигентни.

Ова се трите прашања:

1. Палката и топката чинат 1, 10 фунти вкупно. Палката чини 1 фунта повеќе од топката. Колку чини топката?

2. Пет минути се потребни за пет машини да направат пет приврзоци. Колку време би требало за 100 машини да направат 100 приврзоци?

3. Во езерото се наоѓа тревната површина исполнета со лилјани. Секој ден таа двојно ја зголемува својата површина. Ако е потребно 48 дена површината да го покрие целото езеро, колку ѝ е потребно на тревнатата површина да го покрие половина езеро?

Ова се три решенија кои корисниците најчесто ги нудат како одговори:

1. 10 центи
2. 100 минути
3. 24 дена

Верувале или не, овие три одговори се погрешни. Точните одговори погледнете ги на линкот тука.