Број на текстови објавени денес: 86

Објавена е „Приказни од скопскиот парк“

prikazni-od-skopskiot-park_predna-korica

Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје неодамна ја објави книгата за деца „Приказни од скопскиот парк“ на украинската писателка Ана Багрјана.

Книгата „Приказни од скопскиот парк“ е илустрирана од самата авторка, а содржи раскази за деца инспирирани од Скопје и напишани за време на неодамнешниот неколкугодишен престој во Скопје. Преводот е на Ленче Тосева.

Книгата содржи осум раскази за деца од помала возраст во кои се раскажуваат доживувања од секојдневјето на децата во коишто дидактиката доаѓа од втор план, а приказната на крајот носи своја порака. Авторката во овие раскази раскажува за светот на градскиот парк, односно за птиците и животните чиј дом е природата, но живат и во градот. Преку приказните за нив доаѓа до израз луцидниот, наивен и занимлив свет на децата и на живиот свет во паркот.

Ана Багрјана (1981) е поет, прозаист, драматург и преведувач. Завршила украински jазик и литература во Киев. Автор е на поетските книги „Соцветие од зборови“ (2000), „Сред виолетовите соништа“ (2002), „Меѓу бого¬ви¬те и нас“ (2005), „Прошетка по jаже“ (2008), „Другите ли-нии“ (2009), „Баење од љубов“ (2011); романите „Етимоло¬ги¬jа на крвта“ (2008), „Толку необична љубов“ (2010), „Дош¬куља¬ка“ (2012); книгите со проза за деца „Животи на истакнати деца“ (2010), „Приказни од градскиот парк“ (2014), „Генја“ (2015), „Остварени мечти“ (2015); повеќе драмски дела, раскази и критички статии, обjавени во антологии, алманаси и литературни списаниjа. Изведени се претстави со пиеси и либрето на Ана Багрjана во Украина, САД и Македониjа.