Број на текстови објавени денес: 49

Обновен фрескоживописот во манастирот „Св. Пресвета Богородица“ во Велушина

dsc_0049-001

Целосно е обновен вредниот фрескоживопис во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велушина, Битолско, исклучително значаен споменик на културата кој поседува хронолошки сликарски слоеви од 12 до 19 век.

Ова го соопшти минисерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамки на денешната посета на Велушина каде од страна на директорот на Завод и музеј Битола и стручната екипа се информираше за текот на реализацијата на целиот проект.

Канческа-Милевска истакна дека е сочуван еден многу редок и особено колоритен фрескоживопис со огромна културна вредност. Таа потсети дека на процесот на конзервација му претходеле неколку активности, меѓу кои и археолошките истражувања кои се реализираа во 2013 и 2014 година, како и целосната дренажа на црквата со што овој значаен споменик на културата беше заштитен од влага. Исто така, извршени беа детални и комплексни истражувања врз живописот во олтарот, наосот и нартексот на површина од 300 метри квадратни, а се изготви и прецизна дигитална и техничка документација на фрескоживописот.

Целокупниот процес на конзервација на фрескоживописот кој се реализираше во две етапи, во 2015 и 2016 година, при што е заштитена вкупна површина од 300 метри квадратни, за што од буџетот на Министерството за култура беа издвоени 1.5 милиони денари.