Број на текстови објавени денес: 60

ОБНОВЕНО Најмалку 76 загинати при пад на авион во Колумбија

%d0%ba%d0%be%d0%bb%d1%83%d0%bc%d0%b1%d0%b8%d1%98%d0%b0-10-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%b8

Најмалку 76 лица загинаа денеска при уривање на боливиски патнички авион со 81 патници и членови на екипажот во централниот дел на Колумбија, соопшти претпладнево колумбиската полиција.

Со ова, полицијата ги демантираше претходните медиумски информации дека спасувачките тимови пронашле 10 преживеани патници, како и тела на 25 загинати лица.

Авионот на боливиската чартер компанија „Ламија“ сообраќал од Боливија кон колумбискиот град Меделин.

Со урнатиот авион патуваа и фудбалери на бразилски клуб „Шапокоенсе“, кои утре требаше да играат натправар во Меделин против локалниот клуб „Атлетико Насионал“ во финалето на Купот на Јужна Америка.

Радиото Ер-Се-Ен јави дека меѓу преживеаните патници се и бекот на бразилскиот клуб Ален Русшел, кој има скршен колк и повреди на главата, како и голамнот Данило Падиља. Според радиото, тие се пренесени во болница во бликсиот град Ла Сеха.

Аеродромот во Меделин на неговиот налог на Твитер наведе дека спасувачката операција е отежната поради лошто време во регионот, како и тешката пристапност до местото на несреќата.

Според колумбиската управа за цивилно возфухопловство, причините за несреќата се уште не се познати.

– Веројатно авионот останал без гориво, изјави градоначалникот на Ла Сеха, Елкин Оспина.