Број на текстови објавени денес: 70

Обединетите нации: Изминатите пет години се најтопли во историјата!

on-najtoplo

Изминатите пет години беа најтопли во историјата, а сè повеќе има докази кои го потврдуваат тоа дека топлотните бранови, поплавите и растечките нивоа на морето, се предизвикани од климатски промени за кои е одговорен човечки фактор, соопштија вчера Обединетите нации (ОН).

– Штотуку го имавме најтоплиот петгодишен период во историјата, а 2015 година ја доби титулата за најтопла поединечна година. Дури и тој рекорд веројатно ќе биде надминет во 2016 година – изјавил генералниот секретар на Светската метеоролошка организација (WMO) Петери Талас, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Како најекстремни ситуации, Светската метеоролошка станица ги навела сушата и гладот на Рогот на Африка во 2011/2012 година кога животот го загубиле 250.000 луѓе, и тајфунот на Филипините во кој во 2013 година страдале 7.800 луѓе.

Олујата „Сенди“ во 2012 година предизвика штета од 67 милијарди долари, пред сè, во САД, се наведува во извештајот на Светската метеоролошка станица објавен на самитот во Маракеш кој собра речиси 200 земји од светот со цел имплементација на глобална спогодба за борбата против климатски промени.