Број на текстови објавени денес: 0

Обвинителството во Истанбул бара апсење на 103 професори од Универзитет

turcija-policija1

Турското обвинителство нареди приведување на 103 професори од истанбулски универзитет во рамки на истрага против следбеници и симпатизери на исламскиот духовник Фетулах Ѓулен.

Ѓулен е обвинет од Анкара дека ја предводи терористичката организација т.н. ФЕТО и е одговорен за обидот за преврат од 15 јули.

Истрагата е фокусирана на Техничкиот универзитет Јилдиз во Истанбул. Според Хуриет, веќе се приведени 70 лица од тој универизтет во акции во градот извршени од полицијата.