Број на текстови објавени денес: 49

Обвинетите од Петтата управа не сакаа да ги сликаат во судница

download-6111

Во Кривичниот суд во Скопје почна подготвителното рочиште за судењето на седуммина обвинети за уништување на документи поврзани со уништување на опремата за нелегално прислушување, за која СЈО го отвори случајот Тврдина. На фотографите и снимателите не им беше доволено да влезат ниту на почетокот на рочиштето, бидејќи тоа го побарале обвинетите, а го дозволи судијката. На рочиштето останаа само новинарите.

Дискусијата на рочиштето се води во насока на тоа како ќе се одвива судскиот процес поради класифицираните информации, односно дали и во кој степен ќе биде достапно за јавноста.

Првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кого СЈО го товари за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, според СЈО, лани биле уништени во нестаандардна постапка. И останатите шестмина обвинети се товарат за незаконско уништување на документација која, како што информираа во СЈО, била потребна во истрагата за откривање на начинот на кој Управата за безбедност и контраразузнавање вршела прислушување.

На првото рочиште на 4 ноември, СЈО, кое го поднесе обвинението, побара изземање на судијката Лидија Петровска, која беше спомената во една од „бомбите“, аудиоснимките кои СДСМ ги објави. Од разговорот меѓу судијката Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, можеше да се слушне и името на Петровска која наводно давала „сваровски“ подароци за да биде унапредена во кариерата. Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби барањето, а неговата одлука ја потврди и Апелацискиот суд Скопје.