Број на текстови објавени денес: 0

Обама ќе поддржи регрутирање на жени во армијата на САД

%d1%83%d1%81%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%b3%d1%80%d1%83%d1%82%d0%b8-%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b8

Администрацијата на актуелниот претседател на САД Барак Обама соопшти дека ќе поддржи барање жени да може да се регистрираат за регрутација во армијата.

Според американски медиуми, Обама го анализирал тоа прашање уште минатата година кога министерот за одбрана Еш Картер побара армијата да отвори работни места и за жените, вклучително и за најнапорните борбени задачи.

Порпартолот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Нед Прајс истакна дека Обама верува оти жените се „докажано храбри“.

Моментно во Конгресот има несогласувања околу ставот дали треба да се регрутираат жени во армијата.