Број на текстови објавени денес: 70

Обама: Сакам договор со Путин за Украина до крајот на мандатот

obama-31

Американскиот претседател во Барак Обама изјави дека на својот руски колега Владимир Путин му кажал дека сака да се постигне договор за решавање на кризата во Украина пред да ја напушти Белата куќа во јануари 2017 година.

– Побарав од него да им наложи на своите преговарачи да работат со нас, со Франција, со Германија, со Украина, да види ако тоа можеме да го решиме пред крајот на мојот мандат, истакна Обама на прес-конференција во Лима по самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Обама осврнувајќи се на ситуацијата во Сирија истакна дека претседателот Башар ал Асад сака да остане на власт и покрај тоа што ја уништи својата држава и го расели населението.

– Не сум оптимист за краткорочните перспективи на Сирија, истакна Обама,

Тој наведе дека откако Русија и Иран одлучија да го поддржат сирискиот претседател Башар ал Асад „во бруталната воздушна кампања“ умерената опозиција тешко може да ги задржи своите позици подолго време.

Обама наведе дека тој и државниот секретар Џон Кери до крајот на мандатот ќе работат за надминување на сириската криза.