Број на текстови објавени денес: 86

Обама: Жал ми е што не го затворив Гвантанамо

obama-minhen

Американскиот претседател Барал Обама синоќа изрази жалење затоа што во текот на неговиот осумгодишен претседателски мандат не успел да го затвори затворскиот оддел во базата во Гвантанамо.

Во своето прво обраќање до нацијата по изборот на Доналд Трамп за негов наследник, Обама го обвини Конгресот, каде мнозинство имаат републиканците, дека го оневзможил да ја затвори „таа проклета работа“, мислејќи на затворот во американсата база во Гвантанамо на Куба.

Обама уште на изборите во 2008 година ветуваше дека уште во „првите месеци од неговиот мандат“ ќе го укине затворот во Гвантанамо, каде што се држат џихадисти од целиот свет осомничени за тероризам.

жСепак за двата свои мандати, Обама успеа само да го сведе бројот на затвореници во Гвантанамо на 60.

Затворањето на притворскиот оддел во Гвантанамо го блокираше Конгресот, чии членови сметаа дека во него се уште има лица кои би можеле да претставуваат закана за безбедноста на САД.