Број на текстови објавени денес: 70

НСДП: На Груевски после 10 години му текна дека Могила нема вода

%d0%bd%d1%81%d0%b4%d0%bf17

Без срам и образ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во зенитот на својата политичка кариера продолжува да сее ветер и магла пред граѓаните. Пред два дена, во предизборен настап во Општина Могила на граѓаните им ветуваше дека ќе го решава проблемот со водоснабдувањето. Срамота е после десет години владеење и неколку мандати на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во 21 век да ветува дека на граѓаните ќе им обезбеди вода за пиење, проблем кој во нормални држава се решаваше во минатиот век, реагира НСДП.

„Доволно ќе беше да се откаже од своите бенефиции или комодитети, на пример, од лудиот и криминален проект Скопје 2014 , или пак од луксузниот мерцедес, од масажерите и видео екраните, и 600-те илјади евра да ги насочеше кон оваа општина, проблемот со водоснабдувањето ќе беше решен и дополнително ќе останеа пари за решавање на некои други локални комунални, инфраструктурни проблеми и проблемот со загадувањето.

Обидувајќи се да го ја одложи својата „политичка смрт“, Груевски во овој пред изборен период ќе ја интензивира својата слаткоречива ретокирака, ќе ветува се и сешто, ќе се прикажува како месија пред граѓаните кој економски и социјално ги уништи, ќе ветува брда и долина, со една единствена цела политички да преживее и да ја избегне одговорноста за сите криминалии кои ги направи преку неговото „злосторничко здружение“. Како што доближува 11 декември и на нему од ден во ден му станува се појасно дека овој филм нема да го гледа. Доаѓа денот кога граѓаните на Република Македонија ќе одлучат за радикална пресвртница од актуелните политички текови во земјава, кога ќе се означи нова политичка доба во историјата на земјата, во која носителите на криминалот и корупција ќе бидат казнети, и тоа не само политички, туку и правно“, се наведува во реакцијата на НСДП.