Број на текстови објавени денес: 0

НСДП: Изборите на 11 декември имаат референдумско значење за државата

bitola13

Предвремените парламентарни избори на 11 декември имаат референдумско значење за државата. Граѓаните се исправени пред историски предизвик за повторно поставување на темелите на институциите и возобновување на правниот поредок и демократијата, истакнал претседателот на НСДП, Тито Петковски во Битола на средбата со ракводствата и членовите на општинските организации на партијата од петтата изборна единица.

– Криминалот и корупцијата вгнездени во авторитарната власт на ВМРО-ДПМНЕ, пред нас претставуваат политички предизвик да ги надминеме сите наши етнички, културни, религиозни и идеолошки разлики, и така сплотени и обединети да влеземе во финалната битка против оваа отуѓена власт – изјавил Петковски.