Број на текстови објавени денес: 0

Ноќен ескпрес: Следната светска војна ќе се води online (ВИДЕО)

346

Со новиот закон за следење на комуникации се дадоа неограничени можности на УБК за следење на кого сака без да побара судски налог или да побара одобрување од компанијата за телекомуникации, вели Дамјан Георгиевски информатичар од Слободен софтвер Македонија во емисијата на тема „Големиот брат од нашата улица“, на радио емисијата „Ноќен експрес“ која се емитува на радио Канал77.

– Порано пред донесување на овој закон полицијата мораше да бара налог од судот за да оди кај телеком операторот кој ќе му овозможи пристап. Сега суптилно му се овозможи пристап на УБК без да знае операторот, без никаков налог, што е спротивно на процедурата на вршење на специјални истражни мерки – вели Георгиевски.

Фин Фишер програмата за следење и шпионирање е единствена програма лиценцирана и легално произведена во Британија со филијала во Германија и од таму може да се купи лиценцата за нејзина употреба. Од британската фирма која по произведува софтверот за оваа програма велат дека го продаваат само на влади и други државни институции раскажува. Според Дамјан Георгиевски основно прашање е дали некоја наша институција го купила тој софтвер или е продаден на некој што не е Влада.

– И nашата Влада е должна да одговори на овие прашања или да размисли што ќе направи доколку некој друг ја купил таа програма – вели Георгиевски.

Според Ванчо Ордановски од Инфопроект Македонија не исклучок во прислушувањето и во т.н „вштекување на кабли“.

– НАСА сите не надгледува, сите комуникации сите граѓани на Америка вклучувајќи не и нас, иако не сме нејзини граѓани – вели Ордановски.

Третата светска војна веќе е почната меѓу големите светски сили која е сајбер војна.
Хакирањето на меил адресата на Клинтон, хакирање на американците на Кремљин, желбата на кинескиот претседател да направи свој интернет…таа војна е веќе почната и следната војна ќе биде он лајн вели информатичарот Ванчо Ордановски во Ноќен Експрес.

Симо Груевски поранешен директор во Телеком Македонија вели дека многу добро знае како се прислушува.

– Триесет и пет години работев таму, едноставо ќе се приклучиш на некој претплатник и нема заштита. Ова мора овие од Специјалното обвинителство да го расчистат. Јасно е кој го вршел прислушувањето. Јанева да си побара од Телеком операторите материјални докази, дали се запазени процедурите…Операторите да пропеат зашто го дозволиле тоа.. Добивале бенефиции или тоа било присилно извршено – нагласува Груевски..