Број на текстови објавени денес: 0

Нотарот Васил Кузманоски в.д. претседател на Нотарската комора

%d0%b2%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bb1

Собранието на нотарите од Република Македонија на вонредна седница го избра нотарот Васил Кузманоски од Охрид за в. д. претседател на Комората.

– На оваа функција сум именуван до изборот на нов претседател на Нотарската комора на Република Македонија, значи до месец март, кога ќе има и редовни избори за претседател на Комората – вели нотарот Васил Кузманоски, пренесе Академик.мк.

Според Статутот на Нотарската комора, претседателот на Комората ја застапува и ја претставува Нотарската комора во Република Македонија и во странство.

Кузманоски доаѓа на функцијата претседател на Нотарската комора на Република Македонија на местото на нотарката Зорица Пулејкова која поднесе оставка.

Фото: Академик.мк