Број на текстови објавени денес: 49

Норвешки милионер во затвор зашто пијан возел количка за голф

golf1
52-годишен директор на успешна компанија заработи глоба од 12.000 фунти, плус казна затвор од две недели затоа што управувал количка за голф во алкохолизирана состојба.

Обвинетиот Џони Масон ја заработил казната откако бил фатен од полиција како вози пијан по терен за голф. Иако по ресортот се движел со брзина од само 10 км/час, полицијата го сопрела и го казнила.

На Масон, му била одредена и двегодишна забрана за управување на возило во Норвешка. Во оваа земја казните се поврзани со приходите, заради што милионерот и заработил тоолку голема казна. Адвокатите го бранеле со образложение дека нивниот клиент не знаел дека е казниво да се управува возило далеку од каков било метеж.
Масон наскоро би требало да се пријави за одлежување на казната, пренесе Дејли Мејл.