Број на текстови објавени денес: 65

Норвежанката Мериен Јенсен ги одбележа животот и творештвото на Коен ФОТО

leonard-cohen

Канадскиот пејач Леонард Коен, кој почина во 83-та година, вечна инспирација имаше во неизмерната љубов кон Мериен Јенсен, која беше манекенка од Норвешка. Коен ја запознал својата долгогодишна муза во 1960 година на островот Хидра во Грција. Таа
живеела со тогашниот маж, писателот Аксел Јенсен и со синот, но откако се разделила со сопругот Меирен се преселила кај Коен и оттогаш станале неразделни љубовници . Таа му била се во животот – жена, мајка, сестра но од се најмногу, најголема љубов. Но, по неколкугодишна врска, таа почнала да го да го уништува.

Причината за прекинот на врската Коен ја навел во песната „So long, Marianne” објавена во 1967 година, во која вели дека луѓето се менуваат, но дека љубовта останува.

Во почетокот на годинава, долгогодишниот пријател на Мериен, Јан Молестад, успеал да стапи во контакт со славниот пејач и да го извести за лошата здравствена состојба на неговата вечна муза. За само два часа во рацете не Мериен стигнало трогателно писмо. Таа била многу потресена од зборовите на Коен:

„Мериен, дојдовме до мигот кога нашите тела веќе не можат да го издржат товарот на времето и почнуваат да се гаснат, а мислам дека и јас наскоро ќе ти се придружам во тоа. Тука сум веднаш зад тебе, ако само ја подадеш раката кон мене, ќе успееш да ме допреш. Секогаш те сакав, поради твојата мудрост и убавина, но не треба ништо повеќе да зборувам, ти тоа многу добро го знаеш. Ти посакувам среќен пат. Збогум стара пријателке, бескрајна љубов, се гледаме наскоро…“

Два дена откако Јан и го прочитал писмото на Мериен, таа ја загубила свеста, а потоа починала, изјавил тогаш Јан.