Број на текстови објавени денес: 10

Нов член во семејството Кардашијан: Роб и Блек Чајна добија ќерка

3a3e8ff900000578-3924376-image-m-169_1478806056860

Блек Чајна (28) и Роб Кардашијан (29) станаа родители на девојче. Старлетата ја донела ќеркичката на свет во луксузната болница во која се породила и неговата сестра Ким Кардашијан (36). Двојката на девојчето му дала необично име – Дрим Рене Кардашијан.

– Роб е многу возбуден кога Чајна била во породилната сала – рекол извор близок на семејството Кардашијан. Во болницата пристигнале мајката на старлетата, Токио Тони и мајката на Роб, Крис Џенер која изнајмила неколку телохранители кои ќе го штитат бебето од фоторепортерите.

На почетокот на месецот американскиот портал ТМЗ пишуваше дека Блек и Роб одлучиле да го снимаат раѓањето на своето дете за телевизиската емисија, но во тоа ги спречил законот.

Блек Чајна веќе го има четиригодишниот син Кинг Каира со поранешниот сопруг, раперот Тајга (26), кој во моментот е во врска со сестрата на Роб, Кајли Џенер (19).