Број на текстови објавени денес: 46

Нов „трипл-дабл“ на Вестбрук за победа на Оклахома Сити

miadva
Кошаркарите на Оклахома Сити остварија нова победа откако ноќеска го совладаа Детроит, а предводник на тимот беше Расел Вестбрук кој оствари нов „трипл-дабл“ (44.ти во кариерата, 7.ми сезонава) – 17 поени; 15 асистенции и 13 скокови.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:  Оклахома Сити – Детроит 106:88, Вашингтон – Сан Антонио 100:112, Шарлот – Њујорк 107:102, Мајами – Мемфис 107:110 и Голден Стејт – Минесота 115:102.

Пласман Источна конференција: Кливленд 12-2 (победи-порази), Торонто 10-6, Атланта 10-6, Чикаго 10-6, Бостон 9-7, Шарлот 9-7, Њујорк 8-8, Индијана 8-9,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 15-2, ЛА Клиперс 14-3, Сан Антонио 14-3, Мемфис 11-6, Хјустон 10-6, Оклахома Сити 10-6, Јута 9-8, Портланд 9-9,…