Број на текстови објавени денес: 50

Нов контингент чешки полицајци на границата на Македонија

%d1%86%d0%bf

Нов контингент од 55 припадници на чешката полиција ќе бидат распоредени во Македонија и Србија во рамки на мисијата за помош во обезбедување на границата поврзана со мигрантската криза.

Претставник на Чешката полиција по повод испраќањето на контингентот, истакна дека полицајците кои се враќаат од оваа мисија се стекнуваат со искуство кое е значајно за Чешката Република за справување со современите безбедносни закани.

Вообичаено, чешките полицајци им помагаат на нивните колеги во мониторингот на границата, преку спроведување безбедносни проверки и претражување возила.