Број на текстови објавени денес: 10

Новата Барбика е „дебелка“ како плус-сајз моделот Ешли Грахам ФОТО

ashley-graham2

Канадскиот плус-сајз модел Ешли Грахам открила дека куклата Барби на компанијата „Мател“ е изработена според нејзините мерки на самитот на „Жена на годината“ на „Гламур“. Бујната 28-годишна Ешли, позната по промовирањето на убавината на телото во која било големина, рекла пред присутните;

„Ова е феноменално токму затоа што никогаш не сум тежнеала кон тоа да изгледам како Барби. Од друга страна, јас сум Барби и секој од нас може да биде Барби.“

Ешли додала дека мора сите заедно да работиме на глобалниот имиџ на женската убавина.

– Чест ми е да станам бесмртна, во пластика – се пошегувала Ешли.

Плус-сајз манекенката исто така изјавила дека е многу важно куклата да има облини како нејзините.

Куклата има бутови кои се допираат за да им докажат на младите девојки дека тоа е во ред, дека и таквите бутови се убави без оглед на тоа што општеството го тврди спротивното.

„Мател“ првата барбика ја произведе во 1959 година, а оваа година првпат лансираше уште три кукли, висока, ниска и полничка.