Број на текстови објавени денес: 0

НМСМ испорача 16 барања до кандидатите за пратеници

nms1

Во пресрет на парламентарните избори, Националниот младински совет на Македонија како најголемо претставничко тело на младите и младинските организации во државата од кандидатите за пратеници бара:
– Отворено и партиципативно креирање на политиките за млади на сите нивоа, водени според принципите на младински права и учество.
– Имплементирање на Националната стратегија за млади на Република Македонија 2016-2025
– Подобрување на статусот и можностите на младинските организации и обезбедување на гарантирана структурна и финансиска поддршка за младинскиот сектор.
– Креирање законски решенија во насока на унапредување на младинските состојби, вклучувајќи и Закон за млади, низ темелен, инклузивен и транспарентен процес
-Воспоставување на механизам за соработка и координација меѓу државните институции и Националниот младински совет на Македонија
– Воспоставување на фокусни точки за млади во рамките на државните институции со цел меѓусекторскo поврзување
– Формирање на младинска лоби група во рамките на Собранието на Република Македонија во соработка со Националниот младински совет која ќе ги наметнува младинските теми и прашања во законодавниот дом.
– Поддршка на здружувањето на младите на локално ниво низ форми на младинско претставничко организирање и соработка меѓу претставничките форми на здружување и институциите на единиците на локалната самоуправа
– Гаранција за слободата на здружување на средношколците и студентите
– Подобрување на економскиот стандард, а пред сè намалување на невработеноста кај младите во Република Македонија
– Систематско намалување на одливот на квалитетен млад кадар од Република Македонија
– Обезбедување на услови за унапредување на здравствените политики во нашата земја, вклучително и на оние што се однесуваат на сексуалното и репродуктивно здравје на младите.
– Остварување на системи за поддршка на млади на локално, регионално и национално ниво, преку обезбедување на финансиска и административна поддршка од секоја општина за младински центри, младински клубови и младински иницијативи. Поддршка за дефинирање на национална рамка за квалитет на работата со млади (младинска работа) и осигурување дека сите млади ќе имаат еднаква можност за пристап до младински програми.
– Унапредување и заштита на правата на младите и борба против дискриминацијата врз секоја основа.
Овие барања се инкорпорирани во Декларацијата за промовирање на ефективни политики за млади која во март 2016 година ја потпишаа 12 политички партии: СДСМ, ДПА, ВМРО – Народна партија, ДОМ, ДУИ, ЛДП, ДС, ГРОМ, НСДП, Обединети за Македонија, Обединета партија за еманципација на Ромите и Демократска партија на Турците.