Број на текстови објавени денес: 65

Ништо не се знае за здравствените картички

karticki

Дали електронските здравствени картички ќе заминат во историјата или тие и натаму ќе се користат како доказ за платено здравствено осигурување? „Утрински весник“побарал одговори на ова прашање, откако Фондот за здравствено осигурување најави дека ќе го осовременува постојниот електронски систем, а во меѓувреме не е распишан нов тендер за изработка на нови здравствени картички.

Хрватската фирма АКД, која имаше свое претставништво во Македонија, според неофицијални извори на „Утрински весник“, се спакувала и повеќе нема да работи на овој проект.

„Започнати се активности за осовременување на постојниот систем за електронска здравствена картичка (ЕЗК), меѓутоа со подетални информации јавноста ќе биде запозната кога ќе заврши постапката“, кратко одговориле од ФЗО, но не објасниле дали повеќе ќе нема здравствени картички и дали ако се продолжи со користење на картичките, тие и натаму ќе се наплаќаат по 250 денари.