Број на текстови објавени денес: 0

Нинџа повторно учествувал во тепачка

download816

МВР извести дека Александар Василевски викан Нинџа, кој досега е осудуван за повеќе кривични дела, ноќеска, повторно учествувал во кривично дело. Засега се знае дека Д.С. (29) пријавил дека на булеварот Александар Македонски додека се движел пеш со неговите пријатели, откако пристигнале на паркингот каде биле паркирани нивните возила забележале две возила, од кои излегле неколку непознати лица.

Кон Д.С. тргнале три лица од кои едното имало метален предмет во рака, при што почнале да го удираат во пределот на главата и телото по што избегал од местото на настанот и побарал лекарска помош во болницата „Св. Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди. Меѓу напаѓачите бил и Александар Василевски.