Број на текстови објавени денес: 46

Николовски: Ќе го донесеме законот за зелена нафта (ВИДЕО)

%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d1%88%d0%b5%d0%b2%d0%be

Носителот на листа на коалицијата за пратеници во ИЕ 3 од коалицијата предводена од СДСМ, Љупчо Николовски вечерва во Облешево на средба со жителите истакна дека една од програмските задачи е да се спречи изнесувањето на парите надвор од Македонија.

Тој изјави дека просечната плата на крајот од мандатот ќе биде 30 илјади денари, и оти предвидуваат 140 милиони евра за малите и средни претпријатија за да го стимулираат бројот на вработени.

– Во секој семеен буџет ќе се слее уште една плата од ДДВ кој ќе го вратиме на граѓаните. Предвидуваме институциите да работат за секој граѓанин во државата. Предвидуваме 640 милиони евра за субвенции на земјоделците. Токму затоа на 11 декември ќе го избереме планот за иднината,за живот во Македонија – рече тој.

Николовски најави дека ќе биде донесен, законот за зелена нафта

– Ќе направиме ревизија како е доделено земјоделското земјиште, 10 милиони евра годишно предвидуваме за системи за одводнување, а секој земјоделец има ќе има бенефициран стаж – рече Николовски.

Вкупно 56 милиони евра средства, рече тој, ќе се обезбедат за интервенција на државата која ќе застане зад оризопризводителите, при што, како што рече, државата ќе мора да има грижа за откупот и пласманот на оризот.