Број на текстови објавени денес: 0

Николовски: Ќе ги вратиме парите кај граѓаните ВИДЕО

%d0%bb%d1%98%d0%bd

Љупчо Николовски, носител на кадидатската листана СДСМ и коалицијата во ИЕ 3, денеска во Свети Николе и во Лозово со граѓаните разговараше за нивните проблеми, за лагите на власта, како и за План за живот Македонија.
– Овде ги нема 20 илјади крави на Субрата Рој. Ја нема ветената инвестиција Холандска за произвоство на печурки. Овде веќе е затворен и земјоделскиот факултет. Затоа од тука ја праќаме пораката: стоп на криминалот, на изнесувањето на милјарди евра наши пари надвор од Македонија! Стоп на иселувањето на младите луѓе!
Токму затоа, со нашиот план за живот во Македонија предвидуваме, првин праведна распределба на државното земјоделско земјиште, тоа ќе биде во рацете на луѓето на кои што му е најмногу потребно и кои што ќе произведуваат храна во државата. Ќе воведеме поефтина зелена нафта за секој земјоделец, субвенциите ќе бидат 640 милиони евра во првите четири години од нашиот мандат. Но тие ќе ги добиваат вистинските земјоделци, навремено тогаш кога им се потребни.
За секој млад човек ќе обезбедиме по 10 илјади неповратни средства за секоја добра бизнис идеја. Ќе обезбедиме кредити од 15 илјади евра со 1 % камата, за секој млад човек. Ќе отвориме старт ап бизнис центри каде што младите луѓе ќе можат да отворат свој бизнис, своја компанија, за само едно евро основачки влог и ќе ги користат привилегиите , ќе бидат ослободени од комунални трошоци,ќе имаат целосна светководствена и финансиска и правна поддршк – рече Николовски.
Тој истакна дека преку сите столбови од План за живот на Македонија, ќе ги вратат парите назад кон ѓраѓаните.