Број на текстови објавени денес: 86

Николовски: Минимална плата 16.000 денари, субвенции за плата 1.900 денари (ВИДЕО)

ljupcho-nikolovski-08112016

Ќе ги намалиме семејните трошоци, во секое семејство ќе остануваат повеќе пари, порача денеска Љупчо Николовски, носител на кандидатска листа на СДСМ во изборна единица 3.

– Денеска сме во Штип и со граѓаните разговараме за нашиот план за живот во Македонија. Нашиот фокус е животот и зголемувањето на платите во Македонија. Минималната плата во 2017 година во месец април ќе ја зголемиме на 12.000 денари, со цел на крајот на првиот мандат минималната плата да биде 16.000 денари. Тоа ќе важи за секој вработен во индустријата за текстил, обувки и кожа. Меѓутоа, ќе ги поддржиме и фирмите со тоа што за секое едно место во текстилната индустрија, за секоја фирма која исплаќа минимална плата ќе субвенционираме по 1.900 денари месечно. Ќе ги помогнеме и текстилните работници и фирмите – рече Николовски.

 

Во секое семејство, додаде тој, секоја година ќе влегува дополнително уште една месечна плата која ќе дојде преку враќање на 15 отсто од ДДВ.

– Ќе ги смалиме таксите и трошоците на секое семејство. Ја враќаме евтината тарифа на струјата секој викенд и дополнително по два часа секој ден во неделата. Ќе ја укинеме радиодифузната такса и ќе ги преполовиме изршителските трошоци. Во секое семејство ќе остануваат повеќе пари, во секој семеен буџет ќе има повеќе средства. Го враќаме животот и во Штип, го враќаме животот и во Македонија – порача Николовски.