Број на текстови објавени денес: 0

Николовски: МЗШВ потврди дека незаконски распишало оглас

l-nikolovski3

Свесно или не, со својот демант МЗШВ потврди дека незаконски распишало оглас на 12.12.2015 година, без да биде обезбедено одобрение од Владата МЗШВ потврдија дека не го почитувале Законот за јавни набавки, член 26-а, став 2 каде изречно пишува дека е потребно одобрение од Влада, а не одобрен повеќегодишен акционен план на Владата, изјави денеска Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– На одржаната прес конференција, јасно и прецизно нагласивме дека се работи за незаконска постапка за изградба на брана Речани на Оризарска река – општина Кочани, а не како што стои во демантот на МЗШВ за изградба на пристапен пат до Оризарска река.
Затоа уште еднаш прашуваме, зошто е објавен тендер, без да биде обезбедено одобрението од Владата? Зошто е постапено спротивно на член 26-а, став 2 од Законот за јавни набавки, во кој јасно се нагласува дека постапката за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка, започнува врз основа на одобрение кое го издава Владата на РМ? Молчењето, неодговарањето на поставените прашања, криењето на фактите и вистината нема да ги спаси од одговорност. Наближува денот кога секој што работел спротивно на законот ќе одговара – рече Николовски.