Број на текстови објавени денес: 46

Николовски: Груевски затвори 10.000 фирми во земјава

images606

Знам дека Илија Димовски гледа негде од скришим и знае дека народот му го свртел грбот.К ажи му на Груевски дека во Велес и во Македонија народот ќе ве порази. За се ќе одговарате, за смртта на Мартин Нешковски, за незаконското прислушвањето, за апсењето на Љубе Бошкоски, за шамарите и за се што Никола го направи кон граѓаните. За се ќе одговарате, казната ќе ве стигне сите, рече Горан Мисовски од НСДП на митингот на опозицијата во Велес.

Љупчо Николовски, носител на пратеничката листа во 3 Изборна единица изјави дека времето на криминалната банда на Никола Груевски завршило и дека тажната вистина е над 250.000 млади се иселиле од земјава.

– Тоа е жалната вистина за земјава, од секоја куќа во Велес по еден член заминал во туѓина. Како со 10.000 може еден млад човек да живее? Затоа и Груевски не збори за минималната плата. Илија Димовски 10 години не се бореше за минимална плата. Никогаш повеќе нема да им дозволиме да владејат со нашите животи.Тој 10.000 фирми затвори, затоа е празно и има невработеност во Велес. Затоа власта насекаде ќе биде поразена – нагласи Николовски.