Број на текстови објавени денес: 17

Николовски: Власта ги казнува откупувачите на ориз

l-nikolovski2

Владата предводенa од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не се грижи за земјоделците и нивните проблеми. Владата наместо да го поттикне и стимулира откупот и извозот на земјоделски производи, таа дополнително го стопира. Деновиве сме сведоци како луѓето кои раководат со институциите дополнително ја влошуваат состојбата со откупот и пласманот на ориз и прават хаос во оваа област.
Инспекциските служби на откупувачите во кочанско масовно им изрекуваат мерки забрана за откуп на ориз и понатаму со одредени постапки го стопираат неговиот пласман надвор од границите на РМ, изјави денеска Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Службите земаат мостри под изговор за утврдување остатоци од пестициди и со тоа дополнително ја комплицират постапката за издавање на фитосанитерен сертификат, а некаде и намерно се стопира издавањето на резултатите од надлежните институции кои ја зеле мострата, а се со цел влијание и дисциплинирање на политичките опоненти на владата. Оваа се случува во време кога ланската реколта сеуште не е откупена и стои во амбарите и складовите на производителите, а жетвата на овогодишната реколта е во голем замав.

Ова е на директна штета на оризопроизводителите, бидејќи немат пари да си ја платат годинашната жетва и немат каде да ја сместат новата реколта на ориз. Бараме веднаш, за да се излезе во пресрет на оризопроизводителите, Владата да донесе мерка за интервентен откуп и мерка за олеснување на извозот на ориз. Политиканството и заштита на интересите на мал број луѓе се недозволиви. Јас и мојот тим нема да дозволиме злоупотреби да се прават врз грбот на оризопроизводителите и тие да ги трпат штетите од лошите политики и одлуки на оваа власт – нагласи Николовски.